Во судот во Виена почна судењето на шестмината осомничени за помагање на терористот Кујтим Фејзулаи, кој на 02.11.2020 година пукаше по случајни минувачи во центарот на градот, убивајќи четири лица и рани 23, пред полицијата да го ликвидира.
Обвинетите негираа дека знаеле за планот за терористички напад и дека го поддржувале неговото спроведување.
Убеден сум дека секој од нив знае што се случи на 2 ноември 2020 година. Припадник на Исламската држава изврши терористички напад во име на таа организација и на тој начин не само што ги погоди срцата на семејствата и пријателите на жртвите, туку сите ние, цела Австрија – рече државниот обвинител.
Таа посочи дека обвинетите со години им се познати на властите како поддржувачи на Исламската држава и подвлече дека го поддржуваат тероризмот.
Шест мажи на возраст од 21 до 32 години, како што соопшти обвинителството, директно не учествувале во терористичкиот напад, туку им помагале на терористите.
Тие се товарат за учество во терористички акт со смртен исход, терористичко здружување и формирање криминална организација.
Со нивна помош, како што изјави обвинителот, терористот набавил оружје.
Така, 32-годишен Чеченец беше обвинет дека на терористот, Австриец со албанско потекло од Македонија, му дал автоматско оружје и муниција, како и пиштол.
Само неколку часа пред нападот, тој и 28-годишен Авганистанец биле во станот на терористот и присуствувале на последните подготовки, особено на полнење оружје и правење лажен појас-бомба.
Обвинетиот Чечен признал дека набавил оружје, а неговиот адвокат рече дека нелегалната трговија со оружје не е систематска, но дека и тој не е убиец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.