Американската заменичка-државна секретарка за Европа и Евроазија, Карин Донфрид, изјави дека Србија застанала на вистинската страна на историјата и заедно со над 143 земји минатата недела во ОН гласала за резолуцијата за осуда на Русија во нејзиниот обид за незаконска анексија на територии во Украина.

На прашање од МИА како САД ја оценуваат одлуката на Србија да не ги прифаќа санкциите на ЕУ кон Русија, таа го охрабри Белград да ги прифати санкциите и го пофали што гласал за резолуцијата на ОН за осуда на акциите на Русија во Украина.

Сепак, треба да истакнеме дека Србија зазеде важен став во гласањата на ОН за војната на Русија против Украина. Во март таа ја осуди руската инвазијата. Исто така, минатата недела, Србија стоеше на вистинската страна на исторјата и ја осуди незаконската анексија на Русија во Украина – изјави Донфрид на брифинг за новинарите.

Таа додаде дека со тоа, Србија застанала во обрана на принципите на територијалниот интегритет и во одбрана на Повелбата на ОН.

Администрацијата на Бајден го поддржува дијалогот меѓу Србија и Косово со посредништво на ЕУ, и тоа е една од задачите на нашиот специјален претставник (за Западен Балкан, Габриел Ескобар), кој е во посета на регионот неделава – изјави Донфрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.