Новото Народно Собрание треба веднаш да го врати ветото за преговорите на Македонија со ЕУ.

Ова го побара лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов со објава на Фејсбук. Партијата на Трифонов беше главен противник на укинувањето на ветото во претходниот парламент, но не успеа да влезе во новото Народно собрание.

Причина за барањето на Трифонов е неговото тврдење дека на седницата на РСМ е одобрен нов закон за фондации.

Собранието во Македонија едногласно изгласа нов закон за фондации и здруженија. Со овој закон е исполнета целта, а тоа е да се забранат сите бугарски здруженија именувани по херои од нашата историја. Кои, патем, се и херои на нивната нешто подалечна историја. Оти ​​што е Иван Михаилов за Македонија, освен херој?

Прогонот против се што е бугарско во Македонија продолжува со полна сила. И по падот на бугарското вето, тоа доби уште поголеми и грди размери. Што не е изненадување.

Доколку Европската Унија се уште се држи до човечките вредности што ги прокламира, веднаш треба да ја замрзне кандидатурата на Македонија за членство во Унијата. Македонија уште еднаш покажа дека не е земја достојна за унија каде што човековите права и правото на самоопределување се основни.

На Бугарија и е јасно што мора да направи – прво МНР да го повика на објаснување вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во нашата земја.

Второ, и најважно – откако ќе почне со работа, новото Народно собрание е должно да го врати ветото на Бугарија против Македонија.

Бугарија е таму каде што има само еден Бугарин. Но, прашањето е – дали во нашиот нов парламент има Бугари кои го разбираат ова и на кои им е грижа? Ќе видиме“, напиша Трифонов на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.