Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборувајќи за изградбата на патишта рече дека од 2012 година досега се изградени 468 километри патишта, а планот е до 2027 година да се изградат вкупно 955 километри.

– А од 1945 до 2012 година се изградија речиси двојно повеќе. Ни останува уште делницата од Кошево до Прељина, која ќе биде завршена до 2025 година. Следува Паковраќе-Пожега, ни остануваат уште 19,5 километри, а ќе заврши до октомври годинава. Делницата Сремска Рача-Кузмин во должина од 19 километри, со мостот во Сремска Рача, ќе биде завршена до крајот на 2025 година. Коридорот Фрушкогорска, вкупно 47,5 километри, ќе биде завршен до јуни 2026 година-набројуваше вечерва Вучиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.