Вчера во Њујорк се одржа вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на Косово а Србија ја претставуваше претседателот Александар Вучиќ.

 

– Ги видовте нашите аргументи, нашите одговори – одговорни и сериозни.Кога не можеш да одговориш на аргументите, тогаш треба да прибегнуваш кон лични навреди и добро е што го покажаа тоа и немаа сериозна аргументација од тоа. Задоволен сум од она што го слушнавме во Советот за безбедност. На страната на Приштина најмногу беа Велика Британија и Швајцарија. Бев изненаден од правилниот пристап на Французите, Алжир, Кина, Русија, Еквадор, Кореја, Малта и така натаму. Тоа е мојата прва анализа – изјави  претседателот на Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.