Според официјалните податоци, уште 28 лица починале во последните 24 часа како последица на корона вирусот во Србија, со што вкупниот број на жртви е 13.152, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, на корона вирус се тестирани се 36.434 лица, од кои 17.318 се позитивни. Тоа значи дека процентот на позитивни примероци изнесува 47,5.

На респиратори има 112 пациенти. Вкупно 2.619 лица се хоспитализирани.

Од почетокот на епидемијата, во Србија официјално се потврдени 1.484.516 случаи на заразени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.