Државниот секретар на српското министерство за трговија, Урош Кандиќ, изјави дека производителите на шеќер во наредните денови ќе испорачуваат количества што ги надминуваат потребите на пазарот, а дека недостигот го предизвикал шпекулант од областа Колубара кој не го пуштал во продажба шеќерот што го имал во залиха.

Кандиќ наведе дека веледрогерија од областа Колубара е еден од клучните фактори за недостигот на шеќер во Србија и дека со заедничка акција на пазарната и даночната инспекција, полицијата и другите државни органи, е утврдено дека кај него во магацин биле складирани 2.000 тони шеќер во пакување од по еден килограм.

Тоа е десетдневната потреба на цела Србија за пакуван шеќер од по еден килограм, а за делот од Србија што тој го снабдува, тоа е количина која надминува еден месец. Контролата утврдила дека тој во претходниот месец пуштил во промет само околу 25 тони пакувања шеќер по еден килограм, тоа е приближно еден камион, додека другите пакувања, кои биле поскапи и до 30 динари, ги пуштил во ромет десет пати повеќе. Со ваквите шпекулативни активности предизвикал пореметување на пазарот – изјави Кандиќ за РТС.

Тој појасни дека компанијата за јоа станува збор се занимава со трговија на големо со шеќер и друга стока, а освен во магацините, шеќер имале и кај производителите – околу 30.000 тони шеќер, што е, како што наведе, една десетина од вкупното производство во Србија на годишно ниво.

Кандиќ додава дека најголем проблем е што шеќерот не бил пуштен на пазарот.

Според информациите на Кандиќ, овој тајкун од областа Колубара, во магацини и кај производителите чувал вкупно 32.000 тони шеќер. Ако се потребни само 2.000 тони за покривање на десетдневните потреби на цела Србија, пресметката вели дека 32.000 тони покриваат дури 160 дена, односно повеќе од пет месеци од потребите на српските граѓани за шеќер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.