Само еден месец откако Романија ги повлече борбените авион МиГ-21, Врховниот совет за одбрана на земјата одлучи да ги реактивира тие авиони во вооружените сили, бидејќи се проценува дека една ескадрила од авиони Ф-16 не е доволна за одбрана на воздушниот простор во услови на војна и криза на границите.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, авионите МиГ-21 повторно почнале да летаат на 23 мај.

Претходно тие авиони беа повлечени од употреба кон средината на минатиот месец, а причината беше загубата на еден авион и пилот на 2 март во мисија над Црното Море.

Тогаш од употреба беа повлечени 27 авиони едноседи и двоседи од тој тип.

Имаше гласини дека авионите МиГ-21 ќе и бидат предадени на украинската авијација како воена помош, но се чинеше многу необично целосно застарената технологија да биде дадена во рацете на пилоти кои летаат со Су-27 и МиГ-29.МиГ-21 ќе продолжи да лета во постојана должност во рамките на дежурните сили за противвоздушна одбрана – наведува порталот.

Одлучено е старите авиони МиГ-21 да летаат до 15 мај следната година.

Сега романската борбена авијација, покрај МиГ-21, има и 17 едноседи Ф-16АМ и двоседи Ф-16БМ, кои се купени половни од Португалија и дежураат од 2019 година.

Минатиот месец со официјална информација дека МиГ-21 се приземјени, беше најавено дека ќе се забрза процесот на набавка на Ф-16, но очигледно е потребно време, а една единствена ескадрила не е доволна за одбрана на Романија во време на воена криза на нејзините граници – се вели во текстот.

Романија првите МиГ-21 авиони ги воведе во употреба во 1962 година. Сега летаат авиони набавени во 1970-тите.

111 авиони МиГ-21 беа подложени на модернизација од 1995 до 2002 година, но повеќето досега беа приземјени поради нивниот животен век или пак, беа уништени во несреќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.