Во Хрватска денеска треба да започне вакцинацијата со нови, адаптирани вакцини против корона вирусот, кои покрај оригиналниот сој од Вухан, ја покриваат и варијантата омикрон.

Како што пренесуваат медиумите во Загреб, на граѓаните прво ќе им биде достапна адаптираната вакцина Фајзер, а потоа и вакцината Модерна.

Хрватскиот завод за јавно здравје им препорача дополнителна вакцинација со нови вакцини на сите возрасни лица кои примиле две дози.

Што се однесува до оние кои досега примиле три дози, вакцинацијата се препорачува за оние 60 и помлади во ризик,пренесе Денес.рс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.