Вкупно 1.200 деца се евакуирани денеска од летните кампови загрозени од пожари во близина на приморското одморалиште Лутраки во близина на Атина, соопштија грчките власти.

Спасивме 1.200 деца кои беа во летни кампови“, соопштија локалните власти.

Два пожари избувнаа денеска на истокот и на западот на Атина, додека еден од нив, неконтролиран и поттикнат од силен ветер, избувна на ридовите кај градот Куварас, на 50 километри источно и се шири кон брегот на Атина.

Грчката агенција АНА јави дека вториот пожар избувнал во близина на приморското одморалиште Лутраки. Автопатот кон Пелопонез е затворен и наредена е претпазлива евакуација.

Атинската РТВ Скај објави дека оперираат вкупно 150 пожарникари од шест групи пешадиски одделенија, од кои 31 романски пожарникар, 40 противпожарни цистерни, додека од воздух работат седум противпожарни авиони и четири хеликоптери, од кои еден е за воздушна координација.

Дополнително, волонтерите на противпожарната служба и волонтерски групи на цивилна заштита имаат голем број цистерни во пожарната зона, додава телевизијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.