Косовската полиција уапсила две лица и запленила 36.180 килограми месо со истечен рок во месноста Захаќ во градот Пеќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението, се работи за телешко и пилешко месо и риба по потекло од Бразил, Италија и Полска. Месото, кое е откриено во депо за отпадоци, е конфискувано и ќе биде уништено.

Во врска со случајот се уапсени лицата А.Х., менаџер на пет деловни единици и А.А., заменик директор на депото за отпадоци.

Тие се сомничат за кривичното дело „производство и пуштање во промет на штетни прехрамбени производи“. На А.Х.му е одреден 48-часовен притвор, додека А.А. е пуштeн во редовна процедура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.