Ѕвездата на „Задруга“, Невена Савиќ, била во врска со Вељко Беливук – Веља Невоља, лидерот на злогласниот српски криминален клан, кој стана познат во јавноста откако водачите Беливук и Марко Миљковиќ беа упсени и се обелоденија ѕверските убиства што тие и нивните луѓе ги вршеле.

Како што пишува српски „Телеграф“, многу е интересна е сличноста во изгледот на Невена со поранешниот државен секретар во српското министерство на за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, која е тесно поврзана со групата на Беливук и со „кавачкиот клан“, чијшто белградски огранок беше предводен од Беливук.

Невена и Дијана се толку слични што на некои фотографии е речиси невозможно да се разликуваат, а дополнително, Невена многу често е фотографирана во идентични пози, како и уапсената Хркаловиќ.

Според пишувањето, Невена се зближила со Веља Невоља непосредно пред да заврши во затвор во Швајцарија кога била уапсена поради проституција, а сега ја потврдиува врската  и пред камера во реалното шоу, фалејќи се дека нејзиното момче ја гледа од затвор.

Невена Савиќ ѝ се доверила на Ана Јовановиќ, која седела крај Филип Цар, дека била со „момчето кое е уапсено пред помалку од една година“, а тој сега ја гледа од затвор.

„Телеграф“ го пренесува нивниот разговор.

Невена: Тоа е истата зграда, не можам да кажам овде, кога се кажуваат овие работи не можам да кажам што е и како е.

 

Ана: Веќе не е излезен.

 

Невена: Не, го уапсија и сега повторно е во затвор. Затоа не можам да ја кажам вистината за тоа, бидејќи сето тоа е во процес.

 

Ана: Уф, Невена, ваљда не беше со него.

 

Невена: Не можам да зборувам за тоа овде.

 

Филип: И што, имаш дечко таму? А, тој те гледа од затвор додека си во Задруга?

 

Невена: Поранешно момче.

 

Ана: Па, раскинавте ли?

 

Невена: Не, тој само замина, на десет години. Постојано е на телевизија и ме гледа од затвор.

 

Филип: Доби точно десет?

 

Невена: Сè уште е под истрага, но којзнае, уште додаваат на тоа.

 

Филип: Чекај, падна сега, лани, кога бевме во топ четири? Па, зарем зброуваш за оној Невоља?

 

Ана: Да, не можам да кажам ништо повеќе, многу е опасно.

 

Филип: Со сите тие луѓе, што ги имаше на вести?

 

Ана: Да, тој е тој.

Инаку, Невена зад себе има бурно минато. Таа раскажува дека била уапсена во Швајцарија, дека се дрогирала со другарка во станот. Го спомнува и мистериозно момче кое и ја исполнувало секоја желба додека бил на слобода.

Работев на црно во Швајцарија и тоа е причината поради која завршив во затвор. Ме уапсија поради проституција, немав хартии и завршив во самица. Тоа е искуство кое никогаш не би го посакала никому. Таму бев во контакт со луѓе кои се добро запознаени со тоа како функционира бизнисот.

 

Кога отслужив сè, дојдов во Белград. Тука се средив со еден дечко што не можам да го спомнам. Тој ми понуди стан. Мојот пријател и јас бевме таму. Беше екстравагантен, секогаш ни носеше текила и „слатки“, ги знаете тие „слатки“ што ги шмркате, ги правите и се е кул. Тој е типот за кој не можам да зборувам. Сега е во затвор – раскажува Невена во реалното шоу за тоа како се запознала со Беливук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.