Во 12 часот, како што беше најавено, бугарската мандатарка Марија Габриел не замина од Народното собрание до претседателската палата за да го предаде составот за состав на влада на претседателот Румен Радев, иако двете згради се оддалечени само стотина чекори, што значи дека ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ не постигнале договор.

„Мандатот ќе биде вратен со празна папка, а Бугарија оди на избори“, јавува БГНЕС.

Ако Бугарија повторно оди на нови избори, тогаш тие ќе се одржат заедно со редовните европски избори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.