Во Албанија се зголемува бројот на заразени со коронавирус и според Институтот за јавно здравје позитивен резултат е добиен кај 40 отсто од тестираните.

Само во последната недела во Албанија се направени 2.000 тестови за Ковид-19, а речиси половина, односно над 900 се позитивни. Пациентите со денови се соочуваат со зашеметеност, болки во грлото, кашлица, треска и замор, изјавила Еугена Томини директорка на Институтот.

Според неа летната сезона и доаѓањето на голем број туристи и емигранти во Албанија ги зголемиле случаите со коронавирус.

Препорачува доколку граѓаните ги почувствуваат овие симптоми веднаш да направат брз тест за Ковид.

Изминатата недела 40 отсто од пациентите кои го направиле брзиот тест се потврдило дека се заразени од Ковид-19. Позитивните случаи во овој период се многу повисоки од официјалните бројки бидејќи не се тестираат сите кои имаат симптоми. Враќањето на децата на училиште и температурните промени се очекува да ги зголемат случаите на Ковид, покрај другите вируси кои циркулираат, посочува таа.

Сепак, според Томини, ситуацијата не е загрижувачка. Ковид-19 ја намали својата агресивност и болеста во оваа сезона наликува на блага состојба на грип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.