Во Албанија пристигна еден од двата брода што ќе произведуваат електрична енергија

Балкан 09.09.2022 / 22:14

Првиот брод-генератор кој Албанија ќе го користи за производство на електрична енергија пристигна во пристаништето во Валона.

Албанската Влада изнајми два вакви брода со двегодишен договор со компаниите „Exelerate Energy“ и „Renco“ со поддршка на Соединетите Американски Држави. Бродовите имаат големи генератори кои ќе се напојуваат со нафта и ќе произведуваат 114 мегават часови електрична енергија. Ова претставува речиси 15 отсто од потребите во Албанија – објави Топ чанел.

Бродовите ќе бидат закотвени во близина на Трипорти во Валона и ќе бидат поврзани со копнените наоѓалишта на нафта лоцирани во областа.

Во меѓувреме, поврзувањето со електропреносниот систем ќе се реализира преку трафостаницата на ТЕЦ Валона и 220 киловолтната трафостаница во Бабица.

Ќе бидат ставени во функција заедно со термоелектраната Валона за да го претворат заливот Валона во еден од најважните извори на енергија во Албанија.

Бродовите се пловечки електрани со инсталирана моќност од 110 мегавати. Од нив се очекува да произведуваат струја по просечна цена многу пониска од пазарните цени на берзите. Прелиминарна пресметка е дека цената за мегават час ќе биде околу 200 евра. Тоа ќе овозможи намалување на ризикот од изложеност на државната компанијата КЕШ при увоз на енергија, наведува телевизијата.

Од јануари до сега Албанија потрошила 350 милиони евра за купување енергија, додека цената на берзата е осум пати повисока од пред една година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis girişgrandpashabet güncel giriş