ладата на Косово денеска донесе одлука за забрана на апликацијата „ТикТок“ во јавните институции со цел да се елиминираат кибер ризиците.

Заменикот министер за внатрешни работи и јавна управа на Косово, Бардиљ Добра, изјави дека одлуката е превентивна мерка, следејќи ги чекорите на европските земји.

Рековме дека е дозволено користење на ТикТок на лични уреди, но не и на државниот систем, рече тој.

Одлуката е донесена со цел да се елиминираат сајбер ризиците и сите институции се обврзани да ги воспостават потребните технички ограничувања за забрана на TikTok, беше речено по седницата на владата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.