Црногорската влада во технички мандат, ни на последната седница не донесе одлука за воведување санкции кон Русија, поради ситуацијата во Украина.

„Подгорица њуз“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека тоа била прва точка на дневниот ред, но дека премиерот Здравко Кривокапиќ не добил поддршка за Предлог-одлуката за формирање Координативно тело за следење на воведувањето и спроведувањето на меѓународните мерки против Русија.

Согласно Законот за рестриктивни мерки, Владата прво треба да донесе одлука со која ќе ги прифати одлуките на Европската Унија за рестриктивни мерки против Русија.

Според „Вијести“, дури и да биде усвоен, тоа не би значело воспоставување политичка одлука за прифаќање на претходната одлука на Европскиот совет за воведување и продолжување на санкциите против Русија поради инвазијата на Украина.

Вицепремиерот, мандатар и лидер на лидерот на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ, претходно изјави дека „ако се држат до тоа каков е ставот и начинот на премиерот, владата нема да донесе одлука за санкции против Русија“.

Комисијата за политички систем на Владата на Црна Гора, со која претседава вицепремиерот Дритан Абазовиќ, на 15 март едногласно го усвои пакетот санкции против Русија, кој претходно беше усвоен од Советот на Европската Унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.