Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во Европската комисија пријави неправилности во пребројувањето на населението на пописот во Македонија, известија од прес-центарот на партијата ВМРО, каде што тој е копретседавач.

Според европратеникот, резултатот е огромен фалсификат. Во писмото, кое Џамбаски го испраќа до Европската комисија се прикачени и сведочења на, како што се вели, луѓе со бугарска самосвест.

Ангел Џамбазки во својот допис до Комисијата потсети дека единствената етничка заедница која е многукратно зголемена е бугарската. За споредба – на пописот од 2001 година бројот на Бугарите е 1417. Но, зголемувањето не се должело на зголемениот наталитет.

Според Џамбаски, над 100 илјади граѓани на Република Македонија добиле бугарско државјанство врз основа на нивното докажано бугарско потекло.

Во контекст на зголемениот притисок за отворање на преговарачкиот процес, верувам дека ова фалсификување всушност ја докажува нашата теза за дискриминација и терор што веќе се случува над 70 години. Гледаме дека во земја кандидат за ЕУ ​​е проблем да се декларираш како Бугар, напиша Џамбазки во своето писмо до Европската комисија.

Џамбаски прашува дали е набљудуван пописниот процес на граѓаните на Македонија од независни европски претставници и кога Европската комисија има намера да го постави прашањето за правата на бугарската заедница во Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.