Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит ги повика надлежните институции да ги истражат и гонат лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница.
Нема место во цивилизирано општество за глорификација на воените злосторства и негирање на геноцидот“, порача Шмит во објавата на официјалниот Твитер профил на ОХР, откако претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, вчера повторно негираше дека е извршен геноцид во Сребреница.
Според зборовите на високиот претставник во БиХ, „само искрен, вистинит и одговорен пристап кон настаните од минатото може да обезбеди иднина исполнета со меѓусебно разбирање и заеднички просперитет за сите“.
Шмит потсети дека според Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, негирањето на геноцидот извршен во 1995 година во Сребреница е кривично дело.
Коментирајќи ја изјавата на лидерот на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, дека РС е „геноцидна творба“ и дека нејзиното раководство за време на војната извршило „заеднички злосторнички потфат“. Додик вчера рече дека тоа го покажува незадоволството на Изетбеговиќ од сопствената положба и положбата во која се нашол неговиот СДА.
Тој го нарече Изетбеговиќ „политички лузер и губитник“, нагласувајќи дека РС не извршила геноцид.
Не постои геноцид, тоа е начинот на кој тој (Изетбеговиќ) сака да се врати на сцената“, истакна Додик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.