Ноќта меѓу 2 и 3 мај непознати сторители го осквернавиле храмот на Свети Спиридон Чудотворец во Петриње, Хрватска, исцртувајќи усташки симболи на дури три места.
На вратата, прозорецот и ѕидот на недовршената православна црква, непознати сторители ноќта меѓу 2 и 3 мај напишале усташки симболи во форма на буквата „У“. Петринскиот парох Саша Умичевиќ ја информира јавноста за овој говор на омраза и ја повика полицијата да спроведе истрага.
Овој случај, кој има нескриена и директна порака до припадниците на српската национална заедница, е пријавен во надлежната полициска управа во Петриња, по што припадниците на оваа организациона единица извршиле истрага и направиле пријава за овој немил настан. Се надеваме дека сторителите на овој антицивилизациски чин ќе бидат пронајдени и кривично гонет, со цел јасно да се каже дека ваквите и слични дела инспирирани од омраза не се огледало на мултиетничкото општество во кое живееме и никогаш не треба да станат правило на однесување – вели свештеникот Умичевиќ.
Изградбата на православниот храм во Петриња почнала во 2018 година, а првата литургија во овој храм се служела на крајот на 2021 година. Првиот храм на Свети Спиридон бил изграден во 1785 година во самиот центар на градот, но усташите го срушиле во 1941 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.