Иир Мета останува претседател на Албанија откако уставниот суд ја поништи одлуката на собранието да го разреши шефот на државата поради поттикнување насилство и повреда на уставот. Од 140 пратеници на албанското собрание, 104 главно од владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама изгласаа лани во јуни одлука за разрешување на Мета, но се чекаше конечната одлука на Уставниот суд.

Судот вчера пресуди дека немало кршење на уставот и дека Мета може да остане на својата должност до крајот на мандатот во јули, кога парламентот ќе избере нов претседател.

Социјалистичката партија го обвини Мета дека поттикнува насилство со тоа што, како што оцени, се стави на страна на опозициските партии во изнесувањето на тврдењата дека резултатите на априлските парламентарни избори биле наместени.

Едно лице беше убиено во неодамнешната пресметка на поддржувачите на двете главни албански партии.

Мета, поранешен лидер на малата опозициска партија Социјалистичко движење за интеграција, ги негира тврдењата за поттикнување на насилство и ги обвинува социјалистите на Рама за оркестрирање политичка одмазда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.