Пред сплитското училиште Обрничка денеска од 16 часот се собраа итните служби – пожарникари, Брза помош и полиција, но засега не се знае точно зошто интервенирале, јавува „Слободна Далмација“.

Од Пожарна им потврдиле дека имало евакуација, но не сакале да откријат зошто, само потенцирале дека не станува збор за пожар.

Во 16:00 часот добивме дојава од Стручното училиште во Сплит дека неколкумина ученици од еден клас имале мачнини. Излеговме на терен со пожарникари и со Брза помош, а по пристигнувањето никој не побара лекарска помош. рече за хрватските медиуми Јерко Куревија од ПУ Сплит-Далматинска.

Тој увери и дека опасност за другите граѓани нема.

Само ни рекоа да го напуштиме училиштето, настана паника, сè уште не знаеме што точно се случило, ученик наводно фрлил солзавец, изјавиле ученици кои го чекале расплетот на ситуацијата пред училиштето.

Други ученици, пак, слушнале дека не бил солзавец туку истечен плин. Но, сите се согласуваат дека во училиштето имало чудна миризба. Што точно се случи ќе утврдат службите кои излегле на терен.

Наставата продолжи, но некои ученици решија да не се вратат на училиште.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.