Министерството за образование на Црна Гора предлага новата учебна година да започне на 5 септември 2022 година, со првиот работен ден од седмицата.
Верувам дека тие дополнителни денови ќе придонесат за подобра подготовка за новите училишни обврски, од една страна, а од друга – за продолжување на распустот, т.е. да продолжи успешната туристичка сезона во нашата земја – изјави ресорниот министер Миомир Војновиќ.
Традиционално наставата во Црна Гора почнува на 1 септември, што оваа година паѓа во четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.