Српската полиција утрово го уапсила Љ.Ш. (17) поради сомневање дека синоќа во Белград го убил М.А (31) и тешко го ранил Б.Д. (27) во Жарково на Чукарица, пренесоа српските медиуми.

Малолетниот осомничен по интензивна потера бил уапсен од инспекторите на одделението за убиства.

Малолетникот пред извесно време се судрил со М.А. и Б.Д. а потоа го претепале. Првите индиции од истрагата укажуваат дека оттогаш се подготвувал да им се одмазди и само чекал можност да ги нападне, пишуваат српските медиуми.

Злосторството се случило во близина на основното училиште, но надвор од училишниот двор. Тројца млади момчиња седеле на клупа кога им пришол напаѓачот. По кратка пресметка и расправија, напаѓачот со остар предмет ги нападнал младите и во таа прилика до смрт го избодел М.А, а го ранил Бранко Д, додека третиот млад човек останал неповреден.

Малолетниот Л.Ш. веднаш оди на сослушување во Одделението за малолетници на Вишото јавно обвинителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.