Пристигнуваат првите резултати од досега преброените гласови од вториот круг на претседателски избори. Според агенцијата Анка, која објавува резултати од 42 отсто од преброените гласови, му дава предност на Кемал Киличдароглу со 50,87 проценти спрема 49,13 проценти за Реџеп Таип Ердоган.

Анадолија, пак, на истиот број пребројани гласови предност му дава на Ердоган со 57,09 отсто освоени гласови, а 42,91 отсто гласови освоил за Киличдароглу.

Турскиот весник „Хабертурк“ јавува дека актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган е во водство пред својот опозициски противкандидат Кемал Килиџдароглу, со освоени 52,7% проценти од досега обработени 89,7 отсто од гласовите. Килиџдароглу, пак, освоил 47,3 проценти од обработените 89,7 отсто од гласовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.