Српскиот државјанин В.М.(55) од Белград доби казна од 500 евра за вербално насилство врз својата малолетна ќерка во Будва, се вели во соопштението на Судот за прекршоци во Будва потпишано од претседателот Марко Ѓукановиќ.

Како што се посочува, тој во четвртокот околу 16 часот на шеталиштето „Словенска обала“ неколку пати грубо ја навредувал ќерка си, поради што реагирала и полицијата.

Властите во Будва објавија нацрт на Одлуката за комунален ред, која помина на јавна расправа, а во која, меѓудругото, се предвидени казни од 200 евра за сите оние туристи, како и локалните жители, кои се движат во Стариот град на Будва во костим за капење или без дел од облеката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.