Невиден скандал ја тресе Црна Гора откако еден од вработените случајно открил дупка на ѕидот во депото на Вишиот суд во Подгорица.
Според црногорските медиуми, копањето на тунел долг 30 метри, кој водел од станот од приземјето на станбена зграда на улицата Његошева до просториите на Вишиот суд во Подгорица, е поврзано со Кавачкиот клан и нејзините водачи во бегство Радоје Звицер и Слободан Кашчелан, кои се во притвор.
Еден од доказите што упатува на тоа е дека лицето кое влегло во депото преку ископаната дупка особено било заинтересирано за случајот на Кашчелан, по кој бил извршен претрес. Сепак, иако се веруваше дека тунелот бил ископан со цел да се украде некој предмет што се чувал во судското депо.
Вакви случаи потсетуваат на сцените од криминалната серија „Narcos“ за Пабло Ескобар. За да го сокрие фактот дека еднаш бил осуден, Ескобар им наредил на своите соработници да ја запалат судската зграда, додека неговиот наследник Ел Чапо успеал да побегне од затвор преку тунел ископан до неговата ќелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.