Трагедија се случи во градот Јанина во северозападна Грција, каде вчера 20-годишна девојка од грчкиот остров Хиос почина по неколку дена поминати во болница.

Младата жена, која била студентка на Универзитетот во Јанина, била примена на Клиниката за оториноларингологија пред една недела, каде ѝ бил дијагностициран тонзилитис (инфекција што предизвикува воспаление на крајниците), пренесува „Прототема“.

Наместо да се подобри, нејзината состојба се влошила, по што вчера таа имала мозочен удар. Била интубиирана, а потоа префрлена на Одделот за интензивна нега на Универзитетската болница каде починала во раните попладневни часови.

Според потврдени информации, пишува „Прототема“, девојката немала историја на хронични заболувања или проблеми со срцето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.