Се огласи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од Благоевград каде што присуствуваше на чествувањето на Гоце Делчев, преку видео порака објавена на социјалната мрежа Фејсбук, во кое пак потенцира дека тоа што се случувало на граничните премини со  Македонија било „апсолутен срам“.

Ги запираат бугарските граѓани, ги задржуваат, ги малтретираат. Тактиката не е да ги запрат луѓето, затоа што немаат причина за тоа, но сосема спокојно можат да задржуваат автомобили и автобуси по неколку часа, само за бесрамно да ги задржуваат. Вашите колеги, но и Бугарите кои се на границата, ми кажаа дека нема утврдено време во кое бугарската делегација ќе положи цвеќе. Тоа е невиден срам – изјави Џамбаски.

Во видеото Џамбаски не пропушти повторно да ја негира македонската држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.