По тешката сообраќајна несреќа во која загинаа двајца млади момчиња, Горни Милановац е обвиен во црно.

Младите момчиња кои загинале на лице место, како и младиот човек кој ги удрил, се познавале уште од детството.

Сите тројца заедно одеа во основно училиште, осум години делеа клупа и беа во исто одделение. Прекрасни и добри, млади луѓе за пример. Судбината навистина силно си поигра со нив. Никола Ш. (23) беше вработен во автосервис, а Радован Б.(23) беше талентиран фудбалер, изјавил за РИНА видно потресен жител.

Тешката трагедија најверојатно се случила кога возилото во кое се наоѓале двете жртви не застанало на знакот за стоп, а потоа автомобилот управуван од А.О. (22) ги удрил. Тој е приведен бидејќи возел со несоодветна брзина.

И момчето што ги удри е чесен и добар млад човек, нивен другар од училиште. Рано ја изгубил мајка си и брзо созреал, работејќи како келнер во ресторан. Секој може да ви каже само добри работи за него. Навистина страшна трагедија, сите сме во шок, додаваат граѓаните.

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија двајца млади момчиња се случила на крстосницата Курсулина и Улица Милоша Велики, околу 1 час и 40 минути по полноќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.