На почетокот на судењето на Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и припадниците на нивната криминална група во зградата на Специјалниот суд во Белград, владееше состојба на полициска опсада. Одлуката да се спроведат такви силни безбедноси мерки веднаш се покажа како исправна, со оглед на тоа што веднаш по влегување во судницата, првообвинетиот, Вељко Беливук, почнал да им се заканува на сведоците соработници, пишува „Курир.рс“.

Според зборовите на изворот на „Курир“, атмосферата во судницата била напната, затоа што во истата просторија, покрај обвинетите, биле и двајца сведоци-соработници, Бојан Хрватин и Никола Спасојевиќ, кои со Обвинителството за организиран криминал склопија догивор за сведочење во замена за помала казна и детално ги открија и опишаа суровите злосторства на криминалниот клан на Беливук.

Хрватин и Спасојевиќ не седеле во делот за обвинети, туку во другиотдел од судницата, додека околу нив имало голем број полицајци.

Штом влезе во судницата, Беливук се сврти кон делот во кој седеа Хрватин и Спасојевиќ и почна да им вика „пи“ки“, алудирајќи на тоа што тие двајца, кои според сопствено признание учествувале во убиствата и отстранувањето на труповите, „го издале кланот и прифатиле соработка со надлежните органи“ – објаснува изворот, кој вели дека луѓе запознаени со приликите, тие негови зборови ги протолкувале како сериозна закана.

Покрај сведоците-соработници, очи во очи со обвинетите Беливук и Миљковиќ се нашле и вдовиците на убиените Горан Величковиќ, Милан Љепоја и Здравко Радојевиќ, кои во оваа постапка имаат статус на оштетени.

Сопругата на покојниот Горан Вечичковиќ, кој исто така бил навивач на Партизан, се обидела да влезе во судницата со маица на која бил иштампан ликот на нејзиниот сопруг со натписот: „Горе на небото е вистинската армија“.

Стражарите не и дозволија да влезе така облечена, па таа облече капут – вели изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.