Човек (42) и неговиот син (22) од околината на Панчево, се осомничени дека пред една недела наводно купиле невеста (18), а потоа и двајцата ја силувале и малтретирале.

Тие се обвинети дека сториле кривично дело силување. Како што пишува српски „Курир“, тие пред околу една недела дошле кај девојчето и им платиле на родителите за таа да се венча со синот.

Таа не го сакаше тој брак и насилно ја однесоа во нивниот дом. Таму се случи вистински пекол. По неколку дена и сексуалното злоставување кое го доживеала, девојката се врати во својот дом и ги пријави таткото и синот за силување, вели извор на „Курир“.

Истрагата ќе ги утврди сите детали за овој грозоморен случај, а од друга страна, соседите на уапсените за „Курир“ раскажуваат што слушнале дека се случило.

По стари обичаи, таткото на осомничената му купил невеста на својот син и за неа наводно платил 600 евра на родителите, а пред седум дена ја донесоа во нивниот семеен дом. Ја донесоа во куќата и истата вечер и двајцата почнаа да ја тераат на интимни односи, иако девојката се обиде да се спротивстави. Но, за жал, таа не можеше да се одбрани и го преживеа пеколот, велат соседите.

Според соговорникот на „Курир“, девојката по злоставувањето успеала да побегне од таа куќа.

По се што преживеала, успеа да се спаси. Исто така, осомничениот татко им се фалел на соседите дека продал маторица, три свињи и коњ за да му купи невеста на синот. Тој треба да биуде во затвор! Тој и неговиот син се истите злосторници. Сите се плашиме од нив, не смееме да излеземе на улица затоа што се безобразни, се караат и ни крадат компири, кромид и се што ќе засадиме, велат соговорниците на „Курир“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.