Миленко Цвијовиќ, судијата на Апелациониот суд кој ги осуди на повеќедецениска затворска казна на убијците на Жељко Ражнатовиќ Аркан откри дека дека се уште има закани и притисоци. Тој долго време имал и полициско обезбедување.

 Полицијата тогаш ми кажа дека преку оперативни информации дознала дека одредени лица сакаат да ме дискредитираат и да ме тргнат од процесот. Ова траеше од 2005 до 2010 година, додека не бев разрешен. Во тој период ме повикаа непознати лица, кои ми кажаа дека знаат каде одат моите деца. Така целото мое семејство беше загрозено. Тие беа директни и од мене бараа да земам пари, да направам нешто што е незаконски.Избрав да живеам со закани и страв и не згрешив, иако тоа влијаеше на нормалниот живот на моето семејство. Всушност, никогаш не помислив да постапам поинаку, бидејќи работата како судија беше мојот живот и никогаш не би го променил за никаква материјална или нематеријална вредност. Бев свесен дека во спротивно мојот живот нема да има смисла – раскажа судијата .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.