Победникот на парламентарните избори во Словенија и идниот премиер Роберт Голоб изјави дека сака што поскоро да формира нова влада, а разговорите со партнерските партии ќе започнат оваа недела.

– Очекувам преговорите со идните коалициски партнери да почнат во вторник, изјави Голоб синоќа по изборите во интервју за словенечката редакција на порталот Н1, пренесува Хина.

Тој додаде дека неговото Движење слобода при формирањето на владата смета на сојуз со социјалдемократите (СД) на Тања Фајон, но и на Левица (Л) на Лука Месец и оти би сакал во идната влада да вклучи две партии од левиот центар кои не го поминаа изборниот праг за освојување на пратеничко место во новиот парламент, а тоа е Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) и Партијата на Аленка Братушек (САБ).

Голоб додаде дека неговата цел е да создаде влада од луѓе кои се професионални и квалитетни, без разлика на нивната партиска припадност.

– Ние не сме класична партија туку движење и затоа немаме партиска дисциплина ниту имаме намера да ја применуваме. Поединците ги оценуваме според нивната стручност и знаење, а членската книшка нема да биде услов за функции, рече Голоб.

Голоб сака што поскоро да се договори за нова коалиција, па владата би можела да почне да работи во втората половина на мај, со оглед на предвидените постизборни процедури. Дотогаш, актуелните работи ги извршува владата на Јанез Јанша во заминување.

Иако веќе е позната партиската структура на новиот парламент, а Голоб би можел да формира нова влада само со социјалдемократите (СД) како малцински партнер, тој најавува разговори со неколку политички актери, за што може да биде потребно време, пренесува Хина.

Голоб и неговата партија „Движење слобода“, се убедливиот победник на вчерашните парламентарни избори во Словенија, при што неговата партија освои 35,54 отсто од гласовите и 41 место во 90-члениот парламент, покажуваат официјалните резултати врз основа на 99,7 отсто од пребројаните гласови. Вториот најголем број гласови и припадна на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој веќе го призна поразот со 23,53 отсто од гласовите и 27 пратенички места, едно повеќе од изборите во 2018 година.

Пратенички места во новиот состав на словенечкиот Парламент добија пет партии кои го поминаа изборниот праг од четири отсто



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.