На 104-годишна возраст во Загреб почина Јосип Манолиќ, висок функционер на ОЗНА и Државната безбедност, еден од основачите на ХДЗ и прв премиер на независна Хрватска. Тој ги знаеше најчуваните тајни на СФРЈ и Фрањо Туѓман, кои ги објавил во своите мемоари, меѓу кои и фактот дека Жељко Ражнатовиќ Аркан им продавал оружје на Хрватите за да го ослободи од нивниот затвор, како и видео од егзекуцијата на затвореници во Овчара кај Вуковар.

Аркан беше уапсен на 29 ноември 1990 година за носење оружје и осуден на 20 месеци затвор, но во Реметинац одлежал само шест месеци, по што бил ослободен и станал командант на „Тигрите“.

Овој настан беше речиси заборавен додека Манолиќ во својата книга „Политика и татковина“ во 2017 година објави дека Аркан уште пред монтираниот судски процес станал снабдувач на оружје за потребите на Хрватска.

Хрватска во април 1991 година од неговата компанија купи 12 камиони со оружје од воениот магацин во Батајница, главно калашникови и противтенковско оружје – напиша Манолиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.