Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји од денеска до 28 април ќе ги посети Хрватска, Бугарија, Македонија и Албанија.

Како што стои на календарот на негови активности на веб – страницата на ЕК, еврокомесарот Вархеји за време на престојот во Загреб, Софија, Скопје и Тирана ќе одржи билатерални разговри, а во Софија ќе учествува на Самитот ЕУ-Балкан.

Вархеји утре ќе биде во Софија, каде во исто време ќе престојува и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Засега нема детали за агендите на Вархеји и Османи во Софија.

Шефот на дипломатијата Османи денеска е во посета на Берлин каде што со официјални претставници на Германија разговара за европското досие на С Македонија и потребата од итна деблокада на процесот на проширување како геостратешка инвестиција на Унијата во име на безбеден, стабилен и просперитетен регион во срцето на Европа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.