Неколку денови пред масакрот во Белград за малку ќе се случеше слично  убиство во Сплит. Студент по психологија (22)  е уапсен поради закана за масовно убиство на своите колеги на Филозофскиот факултет.

За среќа, студентот од Сплит бил разоткриен со помош на ФБИ, кои во неговиот телефон откриле морничави планови и видеа како држи рачна бомба и им се заканува дека ќе ги убие колегите!

Студентот заврши во истражен затвор. Главната разлика помеѓу овие два случаи е возраста на сторителот и крајниот исход, додека сите други околности се доста слични.

Во случајот Сплит, семејната средина е речиси идентична бидејќи таткото на ученикот работи како инспектор во полиција, а неговата мајка е докторка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.