Србите во Северна Митровица денеска (12 февруари) протестираат поради одлуката на косовските власти еврото да биде единствена валута за плаќање во Косово.
Протестот се одржува во близина на главниот мост на реката Ибар, а демонстрантите се од сите општини во кои живее српска заедница.
На мостот на Ибар се присутни припадници на косовската полиција и припадници на мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР.
„Одлуката да се укине динарот, да ни се оневозможи да ги подигнеме заслужените пензии, буквално значи дека ни се укинува лебот, ни се укинува животот“, им порача на насобраните Душанка Ќоровиќ во име на пензионерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.