Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека Грција нема да го признае Косово и дека ставот на Атина по ова прашање останува непроменет.

Секогаш кога сум во Белград се чувствувам како дома и сакам да ви се заблагодарам за гостопримството. Дојдов со четворица министри и голема бизнис заедница. Сакаме дополнително да ги продлабочиме нашите инвестициски односи. Имавме многу добри билатерални контакти – рече грчкиот премиер.

Тој му се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговото гостопримство и му посака среќа на ЕКСПО 2027 година“.

Ние ве поддржуваме на вашето европско патување. Зборував за проширувањето многу пати во Брисел. Белград треба да ги искористи поволните околности. Има европска иднина за Србија и Западен Балкан. Тоа е нашата стратешка цел – рече Мицотакис.

Претседателот Вучиќ ме информираше за дијалогот со Приштина. Нашиот став за Косово останува непроменет – заклучи премиерот на Грција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.