По денешната средба на министерот Ивица Дачиќ со група амбасадори на арапските држави во Србија, МНР на Србија соопшти дека „Србија ги осудува сите форми на тероризам и во исто време се залага за обновување на мировниот процес во чии рамки мора да се гарантира остварувањето на легитимните аспирации на палестинскиот народ во согласност со важечките норми на меѓународното право и релевантните резолуции на Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Белград.

Во разговорот беше изразено големо жалење и загриженост поради продолжувањето на израелско-палестинскиот вооружен конфликт, кој однесе огромен број човечки животи, меѓу кои и многу деца, а жителите на Појасот Газа се доведени во состојба на хуманитарна катастрофа, се наведува во соопштението.

На средбата на Дачиќ со амбасадорите на арапските држави во Србија истакнато е дека во војната мора да се почитуваат нормите на меѓународното хуманитарно право и принципите на хуманоста за да се спречат жртви и страдања на цивилното население.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.