Во Специјалниот суд во Белград денеска треба да продолжи прелиминарното рочиште за Вељко Беливук – Веља Невоља и другите обвинети за седум убиства и многу други кривични дела.

На деношното рочиште треба првпат во судницата да се сретнат и да се соочат Беливук и Срѓан Лалиќ, кој стана сведок соработник.

Како и на претходните судења, мерките за безбедност пред судот се огромни, како што е и по целата траса на патот по кој беа донесени обвинетите кои престојуваат во Централниот затвор.

Фото: Курир

Беливук и Марко Миљковиќ се во притвор во зградата на Специјалниот суд.

Фото: Курир

Во судот, првпат пристигна и сопругата на убиениот Горан Михајловиќ, која дојде во придружба на адвокатот Драгослав Љубичановиќ, пишува „Курир.рс“.

Фото: Курир

Во судот дојде и адвокатот Никола Ристовиќ, кој во петокот им го откажа полномошното на Беливук и Миљковиќ.

Во Специјалниот суд на рочиштето, во бел мантил пристигна и единствената жена на која и се суди како член на кланот на Беливук – Слаѓана Секулиќ.

Фото: Курир

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.