Солзи и плач од семејствата, пријателите и соседите кои денеска треба да ги погребат тројцата убиени Срби во Бањска.
Денеска тажните поворки во Врњачка Бања и Лепосавиќ, треба да ги испратат во вечното почивалиште Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ,
Стефан Недељковиќ ќе биде погребан во Врњачка Бања, а граѓаните се поканети да се соберат на пумпата „Кнез Петрол“ на ова место во 11 часот.
Бојан Мијаиловиќ ќе биде погребан во 12 часот на локалните гробишта во Лепосавиќ, а во 14 часот на истото место во селото Граничане ќе биде погребан Игор Миленковиќ.
Инаку Недељковиќ, Мијаиловиќ и Миленковиќ беа убиени во конфликт меѓу локалните Срби и таканаречената косовска полиција на 24 септември во селото Бањска, на северот на Косово и Метохија.
Нивните тела дури вчера ги однеле нивните семејства од Институтот за судска медицина во Приштина, од каде биле пренесени во капелата во Рударе кај Звечан.
Сине, сине,како мајка те дочекува – запомагала една мајка, додека најблиските ги превземале телата од судска медицина во Приштина вчера околу 15 часот.
Во конфликтот во Бањска загина и Африм Буџаку, припадник на косовската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.