Три лица се тешко повредени во тепачката во Бјелина, јавија бањалучките медиуми. Според информациите, две лица биле избодени со нож, а третиот бил претепан во таа пресметка.

Во 23 часот и 30 минути возило на Брза помош при тепачка донело три тешко повредени лица. Веднаш по приемот било констатирано дека двајца од нив се со тешки повреди предизвикани од ладно оружје. Еден пациент имал повреди во пределот на стомакот, две убодни рани и бил итно опериран. Вториот пациент имал убодни рани во пределот на стомакот и градниот кош. На него и била извршена итна операција, додека третиот пациент имал повреди на главата, лицето, коските на лицето и окото, јавува БНТВ.

Сите тројца пациенти се сместени на одделението за интензивна нега во болницата „Свети Врачеви“ и сите се опасни по живот, изјави за БН ТВ, Милан Тодоровиќ, раководител на хируршки гранки.

Од полициската управа во Бијелина за ИнфоБијелина велат дека кај нив била пријавена тепачка меѓу три лица, а за се бил информиран и дежурниот обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.