Силното невреме што денеска ја зафати Словенија преврте неколку камиони на регионалниот пат кај Поднанос, поради што сообраќајот се одвива многу отежнато.

Според информациите, се превртеле камиони со возачи од Романија, Србија и Хрватска.

Возачот од Хрватска имал 23-години и неговиот камион со преиколка при судар се превртел на десната пришто тој е хоспитализиран, но со полесни повреди.

Невремето предизвикува големи проблеми во областа Северна Приморска, а ударите на ветерот достигнуваат и повеќе од 100 километри на час.

Поради невремето затворен е и крајбрежниот главен пат од врската меѓу Кастелец и Козина кон Љубљана, а Информативниот центар за сообраќај ги повика возачите да се придржуваат до ограничувањата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.