Украинците процениле дека слични хотели на хрватското крајбрежје чинат од 2,5 до 3 милиони евра по објект.

Тетјана Глињана, која се смета за еден од најголемите (ако не и најголемиот) снабдувач на прехранбени производи за украинската армија по налог на Министерството за одбрана, штотуку стана сопственик на четири хотели во Сплит; барем така се наведува во истрагата на украинскиот портал NV Business, а веста ја пренесоа сите хрватски медиуми.

Имено, новинарите комуницирале со персоналот на еден од хотелите на кои им покажале фотографија од Тетјана Глињана. Од зградата наводно било потврдено дека таа станала нејзина нова сопственичка. Беше кажано и дека Украинката поседува уште неколку хотели во Сплит, како и фабрика за месо во Украина, пишува Слободна Далмација.

Украинските новинари тврдат дека, проверувајќи го локалниот деловен регистар, дошле до информации дека од есента 2023 година Глињана станала сопственик на компаниите „Зен Адриа“, „Пигмент“ и „Мимоза“, а во исто време ја основала и „Назарии“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.