Силна експлозија се случи во текот на ноќта пред деловна зграда во атинското предградија Пиреас, откако пред објектот била поставена бомба што предизвикала голема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Од експлозија нема повредени, а полицијата трага по лицето или лицата кои го поставиле експлозивниот механизам.

Во зградата има канцеларии на бродски компании, осигурителни компании, адвокатски канцеларии, како и продавници, а засега не се знае која била целта на поставената бомба.

Материјална штета претрпеле и околните згради и продавници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.