Две лица се здобија со повреди при земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди денеска западната турска провинција Измир и предизвика паника меѓу населението, соопштија официјални лица.

Градоначалникот на Измир информираше дека нема регистрирано поголема материјална штета, освен урнатото минаре на една џамија.

Турската служба за управување со вонредни состојби соопшти дека земјотресот со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Буча во Измир, се случил во 3:29 часот изутринава по локално време.

Најмалку две лица се повредени, откако скокнале од високи места, додека во паника се обидувале да ги напуштат нивните домови, објави министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу на Твитер.

Пред неколку дена Измир ја одбележа годишнината од земјотресот со интензитет 6,6 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 117 луѓе на 30 октомври 2020 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.