Пред судот во Косово се појавија трите медицински сестри осомничени за насилство врз постарата жена. На видеото што го обезбеди Клан Косова, се гледаат трите осомничени како влегуваат во судницата.

Во средата Косово беше шокирано од снимката од физичкото насилство што медицинска сестра го правела на една постара жена во Домот за стари лица во Пеќ.

Во врска со случајот се уапсени три лица, осомничената која се гледа како врши насилство, одговорното лице и уште една медицинска сестра.

Останатите двајца се осомничени за делата „давање помош при насилство“, како и „Неовластено фотографирање или снимање“

@gazetademos #peje #gjykata #auronapelaj #altinarexhepi #remziekuqi ♬ Dramatic Music – 1:34 – BeardMusicStock



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.