Расправиите во сообраќајот не се невообичаени.
Најчесто престанува на мрморење на сопствената брада, коментари како „Кој ти дал возачка“ и слично…
Но, некои се подготвени на вистинска пресметка со оружјето доколку нешто не им се допаѓа.
На Инстаграм страната на 192 РС е објавено видео, наводно направено во Белград, на булеварот Краља Александра, со опис „Таксист му се заканува на возачот на Порше со секира“.
На видеото се гледа како маж стои до Поршето и му ’објаснува’ нешто на возачот внатре, додека во десната рака држи секира.
– Што ќе правиме сега – вели во еден момент наводниот таксист додека нервозно ја стиска секирата во раката.
View this post on Instagram
Видеото завршува таму, а се чини дека сепак не дошло до пожестока тепачка.
– Па што ќе му е секира, таксист е, не е дрвосечач? – е еден од коментарите кои собраа најмногу ’лајкови’ со објавувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.