По повод веста дека БиХ ќе добие зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ, задоволство изрази и високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит.
„Благодарен сум за најавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека ЕУ препорачува отворање на пристапни преговори со Босна и Херцеговина. Ова е можен почеток на процес кој е клучен за иднината и просперитетот на Босна и Херцеговина во семејството на ЕУ. Ќе дадам целосна поддршка и соработка во согласност со Дејтонскиот мандат“, напиша на Икс високиот претставник Кристијан Шмит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.